Press "Enter" to skip to content

Ди-џеј Моралес: очекувам спектакл во Битола вечерва, а за атмосферата во 2012 и мојот сет најдобро опишува фотографијата која ми ја подаривте (фото)

-Емотивен сум и низ мојата музика на ДЏ сетовите, сакам да раскажувам приказна, така ќе биде и вечерва во Битола. Тоа е едно музичко патување, емотивно, а ди-џеј сетот мора да биде интересен, на настапот мој мора да има приакзна, на тој начин ги водам на едно чудесно патување…

-Најдолгиот мој ди-џеј сет бил 27 часа, само со кратки паузи за освежување. Можеби е подобро да не зборувам повеќе околу тоа како ми било, сигурно тоа е едно исцрпувачко и најдолго емотивно музичко патување.

-Вечерва се радувам на голем евент и ќе ја испочитувам публиката која ќе биде во бело, и јас ќе облечам бело.Вака зборуваше Давид Моралес еден од најпопуларните светски ди-џеи кој вечерва ќе настапува со ДЏ сет на  втората вечер на “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“ . На истиот настан каде настапуваше во 2012 година пред 11 години. Тоа беше втора по ред “Белата ноќ“бо Битола и се случуваше на Широк Сокак.Средбата со Давид Моралес ја искористивме за разговор и при тоа фоторепортерот Сашо Ристевски му ја подари  фоторафијата која беше фотографирана таа ноќ.Фотографија која и најдобро ја отсликува атмосферата која се случуваше на неговиот спектакуларен настап во Битола, таа августовска вечер. Настап кој ќе се запамети како еден од најдобрите на „Бела ноќ“.  Гледајќи во  фотографијата подолго, враќајќи ги спомените,  низ насмевка емотивно рече:-Само кога ќе се сетам на таа вечер, ноќ. Чудесна ноќ до доцните чесови или рани утрински часови. Фотографијата зборува многу. Тоа се повеќе илјадна публика во бело која не може да се движи од гужва… Не се гледа крајот до каде се протега вдолж улицата. Тоа беше спектакуларен настап и додеда:-Мило ми е што сум повторно во Битола. Се радувам и повторно очекувам еден огромен евент. На фотографијата каја ја добив од вас и вашиот портал, гледам дека сум бил во црвено. Можеби за паклен настап. Но, вечерва ќе ја водам публиката на едно музичко патување облечен во бело. Публика во бело, која морам да ја испочитувам со тоа што сакам да носам нешто специјално се разбира во бело вечерва. затоа уште сега ќе одам да побарам и сакам да купам бело за крај,  низ хумор кажа Давид Моралес.

Ж. Ристевска

Кратка биографија

Дејвид Моралес (/məˈræləs/;  е американски диск џокеј (диџеј) и продуцент на плочи. Покрај неговата продукција и диџејска работа, Моралес е и ремиксер, познат како еден од првите таканаречени ДЏ супреѕвезди ДЏ Дејвид Моралес направи ремикс и продуцираше над 500 изданија за уметници како Мараја Кери, Арета Френклин, Мајкл Џексон, Џенет Џексон, Спајс Грлс, Ерик Клептон, Сил, Пет Шоп Бојс, U2, Дона Самер, Витни Хјустон, Селена и Џамирокај. Моралес беше номиниран за својата прва Греми награда во 1996 година како продуцент на албумот на Мараја Кери „Daydream“ за песната „Fantasy“. Тој беше номиниран повторно следната година и ја освои наградата Греми во 1998 година за „Ремиксер на годината“.

 Моралес се смета за еден од првите таканаречени суперѕвезди диџеи. Има настапувано во многу клубови ширум светот, вклучувајќи и бројни состаноци на места на Ибица како што се Пача и Спејс. Моралес, исто така, придонел за радио емисии и издавал компилации за диџеи микс.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »