Press "Enter" to skip to content

“Широк сокак во бело“ – 11. по ред Бела ноќ во Битола, вечер забава со ди-џеј Моралес (фотогалерија)

Прва вечер од  11. по ред “Широк Сокак во бело“ која традиционално се одржува во Битола последниот викенд од август. Секоја година две ноќи исполнети со музика од различни изведувачи, ди-џеи кои создаваат незаборвана атмосфера.Со самото спомеување на “Бела ноќ“ кај секого кој бил во Битола и бил дел од “Белата ноќ“, побудува чувства на летна вечер, бели балони, дрес код – бело, кој неофицијално скоро сите го почитуваат, преполн плоштад “Гоце Делчев“ во Битола, добра музика и забава…На првата вечер на 11. ред„Широк сокак во бело, Бела ноќ во Битола битолчани и нивните гости имаа можност да слушнат македонска музика, авторска која ја озведуваат групата “Нокаут“ наградена за афирмација на македонската авторска музика во своето повеќе од 25 на македонската музичка сцена.Препознатливиот вокал на Никола Перевски – Пере и бендот кој изминативе декади беше заштитен знак на нашата сцена, направи исклучително доживување исполнето со многу емоции, сеќавања и романтични моменти.

“Знаеш каде да ме најдеш”, “Временска машина”, “Лебедот бел”, “За нас”, “1000 причини за крај”, “Сакам да живеам”, “Фатална опсесија”, звучеа многу убаво, испеани во еден глас со публиката.Покрај група “Нокаут“ на првата вечер настап имаа и ДЏ Ацика кој ја загреваше атмосферата на почетокот на вечерта. На крајот на вечерта продолжи настапот на The Groove. Организаторите и оваа година се погрижија  се да помине во најдобар ред, а присутните уживаа во музиката и атмосферата на првата вечер на „Широк сокак во бело – 11. по ред Бела ноќ во Битола.На 26 август втората вечер битолчани ќе уживаат во музиката која ќе им ја “пушта“ ди-џеј Дејвид Моралес заедно со Дј Ацика и Дј Љубиша.Битолчани можат да резервираат кај кафулината кои имаа свои шанкови: “Портал“, “Расчекор“, “Стејџ бар“, “Епинал“, “Давидов“ и “Симбол“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »