Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од Битола е победник на турнирот во Охрид, убедливо го победи Олимпијакос (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Олимпијакос 30:27 (16:14)

Еурофарм Пелистер од Битоа е освојувач на меѓународниот турнир “Крсте Андоновски“ каде одиграа одличен турнир и заслужено се радуваат на првиот освоен трофеј во новата сезона, победувајќи го грчки Олимпијакос со 30:27, полувреме 16:14.Грчките ракометари на стартот играа сигурно во напад, во одбрана цврсто и подвижно и имаа водство од два до три гола. Потоа “пелистерци“ заиграа добро во одбрана на чело со Лесјак, и поведоа со два гола разлика. Ненад Костески со неколку гола во серија го одведе Еурофарм Пелистер на шест гола предност, 14:8. Олимпијакос успеа да ја намали негативата на само два гола на полувреме, 16:14.Еурофарм Пелистер во второто полувреме дојде до +5, а потоа грците направија мала неизвесност, по што “пелистерци“ ја вратија контролата врз резултатот  за сигурна победа.Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Костески со седум гола и Кузманоски со шест.Наградата за МВП на турнирот заврши во рацете на Ненад Костески.И овој пат на завршницата на турнирот во Охрид стотина битолчани навиваа и ја поздравија првата овосезонска титула на “пелистерци“.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »