Екипата на КК Пелистер Таскфорс од Битола го договори своето прво странско засилување за новата сезона, Малколм Бернард, кошаркар од Соединетите Американски Држави.
Малколм игра на крилните позиции, има 29-години и зад себе има долгогодишно искуство во Европа, а претходно со успеси настапуваше во НЦАА лигата. Во 2018 година и го облече дресот на Нокиа – Финска, а потоа играше за Рогапка – Леувен, како и во Катар и Русија. Во Битола доаѓа од Рокхемптон, со скор од 20 поени по натпревар.
Пелистер во претходните денови ги претстави Костоски и Лука Стојановски, а ги продолжи договорите со Сапунџиев и Маслинко, а ќе атакува на највисоко место во домашниот шампионат, а и овој пат ќе биде дел од АБА2 регионалната лига.