Press "Enter" to skip to content

Кошаркарскиот клуб Пелистер Таскфорс со прво странско засилување, американец во Битола

Екипата на КК Пелистер Таскфорс од Битола го договори своето прво странско засилување за новата сезона, Малколм Бернард, кошаркар од Соединетите Американски Држави.

Малколм игра на крилните позиции, има 29-години и зад себе има долгогодишно искуство во Европа, а претходно со успеси настапуваше во НЦАА лигата. Во 2018 година и го облече дресот на Нокиа – Финска, а потоа играше за Рогапка – Леувен, како и во Катар и Русија. Во Битола доаѓа од Рокхемптон, со  скор од 20 поени по натпревар.

Пелистер во претходните денови ги претстави Костоски и Лука Стојановски, а ги продолжи договорите со Сапунџиев и Маслинко, а ќе атакува на највисоко место во домашниот шампионат, а и овој пат ќе биде дел од АБА2 регионалната лига.

More from ВестиMore posts in Вести »