Press "Enter" to skip to content

Топ Гол носи бод во Битола од првото гостување

Мала Речица – Топ Гол 0:0

Во воведниот натпревар од ПМФЛ-жени, Топ гол од Битола освои бод на гостувањето во Речица. На Фудбалското игралиште во Речица, битолчанки одиграа нерешено, конечен резултат е 0:0 и се враќаат со голем бод во Битола.

-Упатувам честитки до моите фудбалерки за освоениот бод, ова е прв натпревар и секако секој сака да стартува со победа. Имавме огромна доминација во првото полувреме каде пропуштивме неколку шанси за гол, погодивме и статива, но реализацијата ќе биди предмет на анализа и корекција во следниот натпревар. Ова е мотив за нас плус да се подготвиме за следното коло, изјави Кире Грбевски,

За Топ гол настапија: Талевска, Трајчевска, Давчева, Димитровска, Љондевска, Марковска, Талевска, Стојчевска, Стевановска, Пауновиќ и Милевска уште играа Куневска и Павловска. 

Следниот второ коло екипата на Топ гол ја пречекува екипата на Истатов во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »