Press "Enter" to skip to content

Кристијан Велјановски од Факултетот за биотехнички науки со најдобар научен труд на меѓународна студентска Конференција

Кристијан Велјановски, студент на Факултетот за биотехнички науки – Битола освои прва награда за најдобар научен труд на меѓународна студентска Конференција во организација на Агрономскиот Факултет во Чачак, при Универзитетот во Крагујевац, Република Србија.

Висoкиот успех Велјановски го постигна за истражувањето на тема: Determined parasite species of Ohrid grunec (Rutilus ohridanus) from Ohrid Lake (Macedonia), во силна конкуренција од 32 трудови и учесници од девет држави.

Велјановски е задоволен од постигнатиот успех  и ги нагласува силната поддршка и менторството од проф. д-р Дијана Блажековиќ – Димовска, од Факултет за биотехнички науки – Битола. Тој смета дека наградата за научен труд покажува дека УКЛО има квалитет и квалитетни студенти. Во екот на уписите упатува и охрабрување до идните и актуелни студенти:  да ги користат можностите што ги нудат Универзитетот и единиците,  Универзитетското и факултетските студентски собранија бидејќи овозможуваат солидна  надградба на вистински академски граѓани.

Инаку, Факултетот за биотехнички науки – Битола на оваа Конференција учествува традиционално и ова е прв пат, студент од ФБТН  да биде добитник на највисокото признание за научен труд, што е значајно и за сите македонски претставници  меѓу кои и учесници од УКИМ. Студентскиот настан се одржа од 16-18 август 2023 г.

More from ВестиMore posts in Вести »