-За време на посетата на СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен центар младите се запознаа и со можностите менторство, практично надоградување и усовршување на млади кадри во соодветните струки. Од СН Групацијата велат дека целта е да се поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.
Посета на СН Осигурителен Брокер и СН Сообраќаен центар оствари група млади луѓе како дел од иницијативата „Волонтерството е ИН“ на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола во рамките на проектот „Млади Хаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите”, чија цел е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.
Во обиколка на Сообраќајниот центар ги водеше Благица Сековска, со што младите се запознаа со сите содржини кои ги нуди центарот. При тоа тие можеа да видат каде се регистрираат возила и како се врши технички преглед на возилата, по што ги посетија и сервисот за автомобили и автопералната.Маја Митревска ги запозна со можностите за пракса во СН Осигурителен Брокер АД Битола, како општествено одговорна компанија која во континуитет обезбедува поддршка на младите кадри и отвора можности за нивна доедукација и професионално усовршување. Митревска ги информираше младите дека како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола во соработка со факултетите од Универзитетот „Свети Климент Охридски – Битола“ овозможува менторство, практично надоградување и усовршување на млади кадри во соодветните струки. Од СН Групацијата велат дека целта е да се поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување.
-Младите се незаменлив дел од работењето на секоја успешна компанија. СН Осигурителен Брокер АД Битола го препознава и вреднува потенцијалот на младите кадри и нашата цел е преку менторски програми и пренесување на вредни искуства да им дадеме дополнителна поддршка во процесот на едукација, велат од СН Осигурителен Брокер, поддржувајќи ги ваквите иницијативи кои што имаат за цел зајакнување на младинските капацитети и отворање на поголеми можности за нивно професионално усовршување и напредување во поглед на кариерниот развој.Од младинското здружение „Интерактив“ велат дека соработката со стопанскиот сектор е од исклучителна важност.
-Многу ни е важна соработката со компаниите како што се СН Осигурителен Брокер АД Битола и Сн Сообраќаен центар кои што имаат изразено чувство на општествена одговорност и долга традиција на поддршка на младите кадри во процесот на едукација и практична работа. Тоа се компании со висока свест за потребите на младите и за нас е многу значајно што се отворени за соработка и за поддршка на младите кои што сакаат да се запознаат со нивното работење и да изведуваат пракса. Ова беше можност младите одблиску да ја почуствуваат работната атмосфера. Уште поважно за нас е што за време на посетата можевме да се запознаеме со практиканти кои што во овој период се на пракса во СН Осигурителен брокер, така што младите од нашата група можеа директно да се информираат за бенефитите од практикантската работа, изјави Мартин Николовски од здружението „Интерактив“.
Од таму додаваат дека големо е значењето на практичната работа во процесот на вработување на младите и затоа сметаат дека е важно да се развие јавна дискусија преку која ќе се промовира практичната работа кај младите и бенефитите кои произлегуваат од тоа во процесот на барање на работа. Во заедничка корелација со сите чинители, беше утврдено дека практиканството мора да биде дизајнирано за да им овозможи на младите практично познавање и користење на изучуваните дисциплини, професионален развој и запознавање со понатамошната работа.