Press "Enter" to skip to content

Се истражуваат ромските бајки, како ја зачувале и ја збогатиле ромската култура

Во рамки на проектот „Sasas Jekhvar Jekh – Некогаш… и сега“ на НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола и “Сумнал“ од Битола, започна да се истражува за ромските бајки, со цел да се истражуваат ромските бајки, да се открие како тие ја збогатиле културата, за потеклото на ромските бајки, како се зачувани ромските приказни.

-Ромските народни приказни се важен дел од ромската култура и зачувавање на ромската култура. Ромските народни приказни играат улога во пренесувањето на вредностите и моралните принципи во ромската заедница и уште многу прашања и одговори. Секој прашање ќе даде одговор и целосна поддршка за зачување на ромскиот јазик и културното наследство бидејќи Ромите имаат многу малку пишани бајки. Малиот број кој сè уште постои е зачуван од раскажувачите и усно посредуван. Анкетираните граѓани, експерти, наставници, познавачи на ромската култура ќе помогнат во зачувувањето на ромските културни богатства и споделувањето на нивната мудрост со светот, вели Фатма Бајрам Аземовска.

Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата и координиран од германската организација „Југендстил“. Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.