Денес на 1 септември 2023 година во Битола започна новата учебна година, па така во наредните девет месеци џагорот на децата ќе биде вообичаен во школските простории и дворови.
Оваа школска година учениците, како новина ќе имаат пролетен распуст, но ќе ги имаа старите проблеми со недостигот на учебници, со нови школски програми.
Родителите, бабите и дедовците им истурија вода на учениците за лесна учебна година и ги испратија најмилите на училиште, а на училиште по две години ќе се организираат свечени приеми на првачињата, со прикладна приредба и запознавање со наставниците и уличиштето.
Нека им е среќна новата учебна година на сите ученици.