Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Веспрем во Турција, денес за трето место со Војводина

Еурофарм Пелистер – Веспрем 28:35

Екипата на Еурофарм Пелистер во полифиналето на “Турнирот на пријателство“ во Сакарија, Турција, не најде начин да направи изненадување и да го победи унгарски Веспрем. “Пелистерци“ се поразени со резултат 28:35, а денес ќе играат за трето место против екипата на Војводина од Србија.

Еурофарм Пелитер го отвори резултатот рамноправно, а во првите 15 минути имаше  седум израмнувања, а потоа Веспрем направи два гола разлика. “Пелистерци“ не се предаваа но, сепак индивидуалните квалитети на ракометарите на Веспрем го решија натпреварот, а на полувреме беше 14:17.

Второто полувреме, на отворањето унгарците беа подобр и направија разлика од +7  (24:17), а потоа  Еурофарм Пелистер намали на 24:20 по серија од 3:0. Веспрем не дозволи изненадување, во во 45. минута беше само два гола негатива за “пелистерци“ 23:25, следуваше серија од 5:1 за Веспрем, по што финалисттот беше познат.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Цехте со осум гола, Кузманоски со пет, а Костески и Пешевски запишаа по четири.

More from ВестиMore posts in Вести »