Со д-р Васил Чипуровски информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за цистинурична нефролитијаза текст, за што вели:
-Цистинурија е вродено нарушување во метаболизмот на аминокиселините (цистин лизин, аргинин и орнитин) и има две форми хомозиготен тип каде има обилна цистинурија над 600 мг во 24 часовна урина и хетерозиготен тип каде покрај хиперцистинуријата која е до 300 мг.Патофизиолошки доаѓа до зголемена преципитација на цистин поради нарушена тубулна реапсорбција и цревна апсорбција и негово таложење во урината со формирање на цистинска кристали и камчиња кои клинички се манифестираат со рецидивирачки уринарни инфекции, хематурија, бубрежни колики па се до развивање на ХБИ.
При дијагностицирањето покрај ехо или ртг наодот улога има и уринарниот седимент во кој се детектираат цистински кристали во високоразвиеноте центри има и специфички тестови за цистинурија. Кај двата типа на цистинурија има нарушена проксимална тубулна реапсорбција на ниво на бубрезите и нарушена цревна апсорпција на цистин и други дибазични аминокиселини.
Превенција се состои во зголемен внес на течности 4 литри на ден, намален внес на храна која содржи цистеин и алкализација на урина со Na H CO3.