Press "Enter" to skip to content

2. по ред изложба од студентите на програмата за графички дизајн на Академијата Monday Learning за ТРЧАЈ БЕ

И оваа година група студенти од тренинг-програмата за графички дизајн по трет пат одговорија на предизвикот да ја визуелизираат едноставната љубов кон трчањето и да ги инспирираат љубителите на предизвици да се вклучат на овогодинешниото петто по ред издание на битолската трка ТРЧАЈ БЕ.

Со внимателно смислена креативна кампања, потенцирајќи го духот на градот Битола студентите направија успешен спој помеѓу наученото и мисијата и визијата на ТРЧАЈ БЕ. Секој на свој автентичен начин си најде место во оваа убава приказна, велат од програмата.-Оваа година имавме двоен предизвик. Првиот беше стандарден да се осмисли кампањата за трката, а вториот беше да се редозајнира логото во чест на првата 5-ка од оваа многу своја трка. Трчај бе е навистина една автентична приказна, зошто таа не е само атлетска трка, таа од првото издание сака да ја инкорпорира Битола со нејзините карактеристики на град, но и со битолчани и нивните традиции и навики. Многу сме задоволни од овогодинешниот импакт кој го постигнаа студентите со дизјните за Трчај Бе. Синергијата помеѓу Monday Learning и Трчај Бе е неверојатна и затоа креативните идеи лесно навираат. Драго ни е што студентите работеа на една толку креативна кампања, каде максимално ги употребија сите алатки научени за време на програмата за графички дизајн. После само 3 месеци интензивен тренинг, решенијата за кампањата се навистина на напредно ниво и покажуваат дека и тоа како има голем креативен потенцијал во идните графички дизајнери. На вчерашната изложба која се случи во дворот на Центарот за култура – Битола сведоци бевме на позитивните реакции и за одличниот резултатот кој го имаше целата кампања. Мотивирани сме се повеќе на ваков начин да влијаеме врз културата на градот и да дадеме поттик што е можно повеќе луѓе да се приклучат на иницијативата, изјави Мартин Цветановски од тренинг-центарот.

“Monday Learning“ е remote тренинг центар за програми од областа на графички дизајн, дигитален маркетинг и фриленсинг. Нивната мисија е да профилираат луѓе кои учат за да создаваат, а “оваа генерација млади дизајнери повторно го покажа тоа, преку кампањата за „Трчај бе.“ Трката „Трчај бе“ годинава ќе се одржи утре, на 3 септември со трки на 5К, 10К и 21К-што воедно ќе биде и балканско и државно првенство во полумаратон.На култната битолската трка ТРЧАЈ БЕ со Алпско доаѓа една од најголемите балкански атлетичарки, актуелната европската првенка на 3.000 метри стиплчес и финалист на последното Светско првенство, Луиза Гега од Албанија. Таа ќе биде претставник на својата земја на Балканското првенство во полумаратон, Битола 2023.  Нејзини позначајни резултати во кариерата се:  прво место на Европското првенство во Минхен 2022 година, второ место на Европското првенство во Амстердам 2016 година, осмо место на Светското првенство во Будимпешта 2023 година и уште многу, многу други признанија.

Битола и патеката на ТРЧАЈ БЕ од оваа година го поседуваат највисокиот светски сертификат, признат од Светската атлетска федерација, познат како AIMS. Со овој сертификат, сите постигнати резултати на овие трки ќе бидат меѓународно признати. На 27 август, во Битола дојде сертифицираниот експерт за мерење на патеки Борут Подгорник и го изведе мерењето на патеките за 10К и 21К.

В недела, се очекуваат уште триесеттина атлетичари од балканските земји и над 1.700 пријавени учесници на трките на 5, 10, 21 километар, а организаторот имаше и бројни пратечки активности кои во градот под Пелистер ќе направат овој викенд да биде оо петти пат празник на трчањето. 

Сите хотелски капацитети се резервирани од учесници на трката кои доаѓаат од други македонски градови, бројни компании имаат пријавени свои тимови за трчање на ТРЧАЈ БЕ а по аналитиката пријавени се и рекреативци и врвни атлетичари од четириесет земји од светот.

More from ВестиMore posts in Вести »