Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 21 санкционирани возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер  (02/03.09.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата  санкционирани се 21 возачи.

За време на контролата биле санкционирани и 6 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.

More from ВестиMore posts in Вести »