Во текот на изминатата вечер (02/03.09.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 21 возачи.
За време на контролата биле санкционирани и 6 други видови прекршоци.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот.