Press "Enter" to skip to content

5. пат “Трчај бе“ во Битола, спортски празник со околу 1.500 учесници и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии

-Дарио Ивановски е старо-новиот балкански шампион со нов национален рекорд кој денеска го постигна на манифестацијата „Трчај, бе“ во Битола, со време 1 час, 4 минути и 45 секунди.

И оваа година, по 5. јубилеен пат, точно, како и беше најавено, во 8,00 часот, наспроти саат кулата на улицата покрај реката Драгор во Битола, стартуваше првата трка на 5 километри од “Трчај бе“, а потоа според временска планинара разлика старуваа  натпреварувачите кои трчаа на 10 и 21 километри,,  а секако прво тргнаа најсерозните натпреварувачи, на 21 километар. На трите трки во Битола, “Трчај бе“, зедоа учество околу 1.500 пријавени, од 30 земји, трчаа поединечно, во групи, или како дел од битолски компании кои заедно во оваа прилика правеа “team building activities“. Ќе ги споменеме болницата “Плодност“, “СН“ компаниите, аптека “Роса Вита“, Битолањуз, “Кромберг и Шуберт“, “Карпатија,“ Славјански унститут“, “Таскфорс“, Горната Гимназија, Медицинско,“Симпекс“, КУД “Илинден“, “Графопром“, Синдикат РЕК…, или како рекоа организаторите ова е најголемиот “тим билдинг“ настан.На патеката и околу неа беа и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Стартот го означи дитекторот на “Трчај бе“, Никола Димитровски, кој претходно ги поздрви сите учесници и битолчани покрај  целата патека.-Имаме 1.440 учесници што за нас е голем успех. На сите кои се присутни утрово тука сакам да им посакам добра забава, на сите гости во Битола убав престој во напиорт град, а секако на сите натпреварувачи во трите категории со успех да ја истрчаат зададената патека, секако најдобрите да победат, а и да постигнат лични рекорди, рече Димитровски.На трката  во Битола, се натпреварува цела македонска атлетска елита на средни и долги патеки, односно сегашни и бивши рекордери и шампиони на патеките од 1.500 метри, па се до маратон.Денес во Битола трчаше и македонскиот атлетичар Дарио Ивановски од Скопје е старо-новиот балкански шампион со нов национален рекорд кој денеска го постигна на манифестацијата “Трчај, бе“ во Битола со време 1 час, 4 минути и 45 секунди.Но, сепак најбројни беа рекреативците и оние кои трчаат 5, а ги имаше од сите возрасти и професии, спортисти, професори, бизнисмени, ученици – основни и средношколци, студенти, политичари, рекреативци…Оние поодважните и подобро подготвени им кои секојдневно тренираат на 1о километри. Секако најподготвените тргнаа да трчаат полумаратон на 21 километар.Трката помина во одлична организација, за што организаторите добија пофалби од сите, а за среќа немаше ни повреди на учесниците.-Јас трчам 5. пат колку и се одржува “Трчај бе“, а и овој пат, петти по ред, ќе кажам дека имаше одлична манифестација со многу учесници и публика. Јас сум можеби највозрасниот натпреварувач, истрчав 10 километри, и сакам да упатам апел сите да трчаат, цела година, не само на трката, а тука до година да бидеме 2.000 битолчани, ни рече Ристо Акимовски – Ачимо од Битола, кој има 70 години.Акимовски и ветераните како него докажаа дека дека со спортски дух  и добра кондиција  годините немаат значење.Покрај спортскиот дел, учесниците имаа и прилика да се дружат, да се забавуваат, а за забавниот дел  се погрижија тандемот водители  на трката „Трчај бе“ актерите Николче Пројчевски и Марјан Горгиевски.Тука беа и ветеранот на спортското новинарсво Димче Миновски кој рече:-И годинава на почетокот на септември, продолжуваме со нешто добро за Битола кое еве продолжи да живее и да собира голем број битолчани.Можам само да ги пофалам организаторите за тоа што ова го организираа и мотивираа толку луѓе, а секако да му честитам на Ивановски новиот рекорд, а на сите кои истрчаа да им порачам да не се откажуваат, а в година да имаат подобри лични резултати, вели Миновски. Тие со одлично подготвена приграма, како и секоја години, ги мотивираат натпреварувачите и ја забавуваа публиката на плоштадот кај Саат кулата, а загревањето, како и секогаш, го направи за сите натпреварувачи Зоран Лазаревски – Паљото.И овој пат имаше и забава на стартот на бината, а и дополнителната музичка програма по патеките, каде беа поставени окрепителни станици за тркачите.Низ повеќе од сто фотографиите пренесуваме  дел од атмосферата и како се одвиваше трката, но и како беше покрај патеката, каде од рано наутро беа присутни битолчани кои ги бодреа сите кои се одважија да трчаат денес, недела во Битола.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »