Press "Enter" to skip to content

Марија Димовска: иако медалот од Европското е сребрен, за мене тоа е голем успех (фото)

Марија Димовска член на кик бокс клубот Енерџи од Битола на Европското првенство во Турција го освоин сребрениот медал.Димовска по враќањето во Битола за успехот кој го постигна, иако беше поразена во финалето, ни рече:-На ова Европско првенство јас чекав да имам полуфинална борба со победничката меѓу Косово и Турција. Во полуфиналето со 3:0 на поени, славев против победничката- Турчинката Еданур Аџар, која од почеток до крај ја доминирав. Финалниот меч за злато ми беше против србинка кој за жал го загубив на поени ама јас сум многу среќна со прикажаното. Дадов феноменална борба, бев многу активна, поврзував комбинации и имав силни удари. Иако е сребрен медал од Европското првенство, јас и мојот тренер и селекторот татко ми сме многу горди со овој наш успех и продолжуваме уште посилно до следни победи.

Д.Ристевска