Деновиве, интензивно се работи на реконструкција на спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а се раб0ти на повеќе позиции.
На седум дена до првиот натпревар на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите комплетно се реконструираа сите соблекувални и ходниците, се поставува големиот семафор, а зад головите на место најлоните и белото платно е поставена позадината на која е испечатен стилиризиран врвот Пелистер, а тоа име го носат и клубовите во Битола.
Паралелно се работи на реконструкција на паркингот и платото каде се влезовите на спортската сала од страната на Шеталиштето, а паркингот е подготвен и донесени се машините за поставување на асфалт.