Press "Enter" to skip to content

Соња Лозановска, 30 години во новинарство презентер, водител, денес главен и одговорен уредник на весникот “Македонија“ во Канада:  ја имам мисијата  да ја ширам македонштината насекаде

Жанета Ристевска

-Весникот “Македонија“ ја сплотува македонската заедница во Канада преку страниците на црквите, во кои се објавуваат нивните месечни активности, тука се и редовните рубрики кои ја отсликуваат македонската заедница, а неретко се пренесуваат и извештаи и репортажи за настани од животот на Македонците во Канада и САД.

-Песната “Боже правда нема“ (Соња и Оливер Бенд) доловува автентичен мелос од Егејскиот дел на Македонија, заживеа и многу ми е мило што на собири, панаѓури повеќе илјади луѓе ја играат и пеат, а содржината и актуелноста на текстот допираат до сечие срце.

Низ разговорот со Соња Лозановска  естраден уметник  поразговаравме на повеќе теми : за мисијата која ја има меѓу Македонците, активист во македонската заедница вклучена на различни начини.  Новинар, водител, презентер, главен и одговорен уредник на весникот Македонија во Канада. Оваа година јубилеј 30 години во новинарство кој беше и повод за нашето интервју.За нејзните почетоци во новинарство…

-Започнав 1992/93, што значи оваа година се навршуваат мои 30 години во новинарство. Уште за време на моите студии на педагошки факултет, започнав да пишувам во месечното гласило “Студент“ кое го издаваше Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола. Во тој период  станав дел од екипата на првото радио надвор од македонската национална радио мрежа – “Радио Ас“, претходно “Битпрес“ како дел на Битолски Весник. Потоа дојдоа “2М“ и “Радио 105 Бомбардер“. Можам да кажам дека тоа се првите мои  посериозни почетоци во новинарство. Од таму  преминувам како уредник на емисијата “Град“’ во ТЕРА ТВ  од Битола, а потоа и водител во цетралната информативна емисија “Актуел“. Неколку години еднаш неделно се емитуваше и моето телевизиско шоу “Другото јас“ каде што гостуваа значајни познати личности од јавниот живот на Македонија со своите необични хобија и пасии….  И по заминувањето во Канада продолжувам со оваа работа.Заминување во Канада

-Имено, есента 2004-та година отпатуваваме во Канада една поголема делегација од 10 члена екипа уметници од Македонија меѓу кои актерите Димче Мешковски, Катерина Крстевска,новинарите Спасе Шиплиновски, Веле Митановски, Оливер, јас членови на група „Амајлија“ и други.  Доаѓаме  по покана  за настап на прославата на 35 годишнината на македонското радио „Глас на Македонија“ од Торонто, а на препорака на бардот на битолското новинарство Менде Петковски. Таму отпатувававме со тогаш мој колега  хармоникаш во групата „Амајлија“, Оливер Петковски. По настапот на оваа спектакуларна прослава каде што учествувавме, следуваа бројни  покани за понатамошни настапи и ангажмани, како што беа Нова Година, Гоцева Вечер и други прослави…кои се наближуваа. И се случи сосема спонатано да кажам и решивме да останеме.Работа и  животот во Канада

-Започнав како  водител на Македонската ТВ програма  „Час на Македонски корени“ која се емитува на државната телевизија ОМНИ на која работев цели 9 години. Тоа беше еднаш неделно, но јас бев воодушевена од мојот ангажман таму. Потоа  со моето искуство во новинарство се ангажирав во весникот „Македонија“. На овој начин јас ја продолжив мојата работа, од Македонија само во друга средина. Така да шокот на премин  беше мал. Само што таму ги немаше моите блиски личности : родители,  роднини, пријатели со кои бев опкружена во Македонија. И веќе 19 години живеам во Канада, таму се оформи и нашето семејство.Семејство

-2005 година е многу значајна за мене. Стапив во брак со мојот сопруг Оливер и на крајот на истата се роди нашата ќерка Александра. Таа во октомври ќе наполни 18 години, од есенва започниува со студииите по бизнис менаџмент на реномираниот Раерсон Универзитет (Торонто Метрополитан од неодамна), во Торонто Канада. Таа многу ја сака Македонија, одлично пишува, чита и зборува на МАКЕДОНСКИ, ЧЛЕН  НА ФОЛКЛОРНИОТ АНСАМБЛ ,,Илинден,, со кој покрај настапите во Северна Америка гостуваа минатата година и во Македонија на меѓународниот фолклорен фестивал ,,Сонце,, во Охрид. Александра е вљубена во Македонија, начинот на живот, луѓето, роднините, традициите. Сето тоа ја мотивира да се навраќа кон корените, каде што ужива во секој миг, веќе стекна и пријатели, врсници со кои другарува и уште од сега за другата година го планира следното доаѓање…Весникот „Македонија“ стига скоро до сите домови на Македонците во Канада и пошироко …при што завзема посебно место во информативната дејност и претставува значајно гласило на  македонската заедница на северно- американсиот континент. Кажете ни повеќе …

-Од 2013 работам како уредник на месечниот весник „Македонија“, најстарото гласило на Македонците во Канада кое го прикажува животот и активностите на македонските заедници со цел за сплотување, информирање и зачувување на македонскиот јазик, култура и традиции. Овој значаен македонски гласник за првпат е издаден на 2 ноември 1984 година, а потоа редовно секој 15-ти во месецот. Го оформил Танас Јовановски. Кога дојдов во Торонто Канада започнав да пишувам статии за весникот. Така после 9 години работа во истиот го превзедов јас, на желба на Танас Јовановски кој виде во мене потенцијал и што ќе се продолжи мисијата на гласило на Македонците во Канада.  Бидејќи неговите деца не беа заинтерсирини да продолжат, јас во 2013 година, непосредно по завршувањето на моите канадски студии за социјален работник, на мое големо задоволство го превзедов и на тој начин  весникот продолжи да излегува како македонски месечен информатор до денес.  Неговите страници се исполнети со текстови и фотографии од активностите и животот на Македонците во новата средина, како и голем број рекламни материјали од наши деловни луѓе што живеат во демократска и мултикиултурна Канада. Во овој  период од 38 години на печатењето во него учествувале со свои текстови бројни соработници од дијаспората и од Република Македонија, меѓу кои посебно место во почетните години имаа Петре Гиневски, Мето Јовановски, Славе Катин, како и голем број други познати вљубеници во новинарството. Тие сите направија весникот „Македонија” да е еден од најзначајните гласила кој е на страната на македонските доселеници, на македонскиот народ, на македонската вистина на Република Македонија . Бесплатен е. Но живее толку години што написите кои се во истиот не се споделуваат електронски и не можат  да се најдат на социјални мрежи и Интернет, бидејќи 99 проценти од содржините се наменети за македонската заедница. Дизајнот на страниците е наш. Бројот на страници на весникот е од 36 до 52 страници, но најчесто не помалку од 40, во зависност од периодот на активности кои ги има и за кои се информира. Инаку сами го дистрибуираме. Поштенски се праќа  во подалечните  градови како Хамилтон, Монтреал, Виндзор, Охајо…Соња Лозановска – естраден уметник

-Започнав како златен глас на Битола во 1993 година, награда што ја добив од Културно-Просветната заедница на град Битола…подоцна станав член на групата „Балкански бисери“ со кои настапуваваме на Валандово, на неколку Серенади на ,,Широк Сокак,,. Многу настапи на фестивали, прослави, снимање песни… Во 2000 година за Сенатор Рекордс од Битола излезе и нашето ЦД со 8 народни и новокомпонирани песни.  Како естраден уметник настапував на речиси сите нанаѓури во Егејскиот дел на Макеоднија, а  за дочекот на 2003-та година ги забавував Македонците во Австралија.  Во ноември 2004-та година заминав во Канада. Таму продолжив со настапи и музичка кариера… Со музика сме го пропатувале целиот американски континет заедно со мојот сопруг Оливер Петковски. Тоа се многу музички настапи на манифестаци, приватни свчености, црковни фестивали и народни собири на Македонците во Канада и САД. Настапите во родната земја се секогаш највозбудливи. Оваа година тоа беше настапот на Фестивалот на дуети „Константин и Елена“ во Могила. Минатата година тоа беше на 51-та иселеничка средба во битолското село Трново, традиционално организирана од здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, по повод Илинден. На таа средба ја исполнивме нашата нова песна „Боже правда нема“ и истата наиде на извонреден прием кај присутните. „Боже правда нема“ е песна наменета пред се за Македонците од Егејскиот дел на Македонија, која ритмички, тематски и судбински ја опишува нивната мака. Мило ми е што песната заживеа и на собири, панаѓури ја пеат и играат во еден глас повеќе илјади луѓе.

Видеото е снимено во манастирот “Св. Петка“ во битолско Цапари, како и низ Пелагонија каде што кореографијата ја направи КУД “Гоце Делчев“ од Битола со претседателот Бранко Жежовски.Минатата година ја снимивме и песната “Мојот живот“, таа е автобиографска, роднокрајно носталгична  чиј видео запис е реализиран на највпечатливите локации во Битола: Широк Сокак, Саат Кулата, Офицерскиот Дом… И во оваа песна битолчанецот Благојче Трајковски исполнува кларинет; маестро Дарко Илиевски хармоника, и виртуозот Џелјо Дестановски, а костимикте се на КУД Илинден од Битола. И двете песни по наша замисла се креација на врвните уметници Дејан Момироски и Борче Нечовски. Низ нашите настапи забележувам дека Македонците кои живеат таму се многу носталгични. Патриотизмот е нагласен и кога станува збор и за радост и тага. такви се и песните, пораките, стиховите. нивната разделба од родниот крај, придонела чувството на припадност и љубов кон родниот крај да биде особено изразено.Соња Лозановска  е исто така и поетеса, автор на збирките поезија “Резба во душата“ и  “Калуѓерка во Бело , публицист низ нејзината мисија како естраден уметник и главен и одговорен уредник на весникот Македонија, таа е позната дама и активист во македонската заедница  и има значајно место во целокупното живеење на Македонците во метрополата Торонто.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »