Press "Enter" to skip to content

“Универзитетска летна пракса“ ќе имаат уште 10 студенти од УКЛО Битола

По завршувањето на првата и втората група студенти практиканти кои беа дел од проектот „Универзитетска летна пракса“, во текот на вчерашниот ден уште 10 студенти од Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола https://uklo.edu.mk/, започнаа со практикантска работа во општинските установи.

Шест од студентите во текот на месец септември ќе извршуваат работни задачи во општина Битола, еден студент во ЈП „Жабени“ и тројца во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски ја прими последната група практиканти во неговиот кабинет и им посака успешна работа. Преку вклученоста во работата во јавните општински институции во текот на месец септември, практикантите ќе се стекнат со вештини и знаења кои ќе им помогнат во натамошната кариера, а при тоа за време на нивната работа ќе дадат своја поддршка во работењето на институциите.

Проектот Универзитетска летна пракса, го реализира Општина Битола во соработка со Универзитетот “Св. Климент Охридски”, преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење. За овој проект, преку општинската програмата за спорт и млади предвидени се 500.000 денари.

Согласно договорите, практикантите имаат обврски работните задачи да ги извршуваат одговорно и посветено, за што имаат право на паричен надомест за практикантска работа за еден календарски месец од 10.000 денари во нето износ, како и персонален данок и осигурување од повреда при работа.