Press "Enter" to skip to content

Денес 31. седница на Совет на Општина Битола, ќе се расправа за ребалансот и програмите за работа на Општината

Претседателката на Советот на Општината Битола, Габриела Илиевска, за денес, 6 септември,  со почеток во 10 часот ја закажа 32. седница на Советот на Општина Битола, со почеток во 11 часот, а на дневер ред како прва точка е разгледување на измени и дополнување на Буџетот на Општина. 

Во предложениот дневен ред има вкупно 13 точки, а ќе се расправа и за програмите за работа на Општина Битола.

Комплетниот дневен ред е:

1. Разгледување на измени и дополнување на Буџетот на Општина Битола за 2023 година, објавени во Сл.Гласник Бр.11, вторник од 01.08.2023 година, Битола (невчитани и вратени со известување на Министерството за финансии со архивски број 08-1/283-1 од 01.08.2023 година), заради нивно усогласување согласно рамката предвидена од Министерство за финансии, со предлог измени.

2. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Битола за 2023 година.

3. Програма за измени и дополнување на Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Битола за 2023 година.

4. Програма за измени на Програмата за развојни планови на општина Битола за периодот 2023-2025 година.

5. Програма за измени и дополнување на Програмата за образование за 2023 година.

6. Програма за измени и дополнувања на Програмата за култура за 2023 година.

7. Програма за измени на Програмата за туризам за 2023 година.

8. Програма за измена и дополнување на Програмата за животна средина за 2023 година.

9. Програма за измена на Програмата за економски развој на општина Битола за 2023 година.

10. Програма за измена и дополнување на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во општина Битола за 2023 година.

11. Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2023 година.

12. Програма за измена и дополнување на Финансова програма за одржување на јавните зелени површини на територијата на општина Битола за 2023 година на ЈП „Комуналец“ Битола.

13. Програма за измени и дополнувања на Програмата за социјална заштита за 2023 година.                                                               

More from ВестиMore posts in Вести »