Press "Enter" to skip to content

Отворен ден “Unlimited Coders Академија“ во проширени простории (фотогалерија)

-На отворениот ден на „Unlimited Coders Академија“ пред уписи за оваа година интересни активности за промоција на курсеввите кои ќе се изучуваат. Оваа година проширена “Unlimited Coders Академија“  во 8 предавални и 10 професори, заради голем интерес за посета на курсевите кои се нудат.

-Во рамки на академијата преку курсеви се изучуваат англиски и германски  јазик. Фокусот и целта се развивање на сите вештини на јазикот : слушање, зборување, читање, пишување преку редовни курсеви подредени според Европската Референцијална рамка CEFR (заедничка европска референтна рамка за јазиците). Pre-Juniors, Juniors, Seniors.Подготовка за меѓународни испити кои се златен билет за учење или работење во странство, а  се добиваат FCE (First Certificate of English), CAE (Certificate in Advanced English), CPE (Certificate of Proficiency in English), BEC (Business English Certificate), IELTS (International English Language Test Systems) и APTIS оr BULLATS (English Language Test).Во “Unlimited Coders Академија“ има и курсеви за UI & Graphical Design, Front-end Developer, Full-stack Developer, Digital Marketing, Human Resources, за отворени врати кон пракса и работа во ИТ компанија.-Денес отворен ден на „Unlimited Coders Академија“ со проширување. Сега иамаме 8 предавални и 10 предавачи. Тимот од предавачи и ментори се состои од професионалци во своја област на јазици и компјутери. За разлика од минатата година кога започнавме во две предавални. Но сакаме да им излеземе во пресрет на сите заинтересирани кои сакаат да посетуваат курсеви во „Unlimited Coders Академија“. Исто така ќе нагаласам дека на задоволство на сите кои сме дел од Академијата, дека  оние кои започнаа лани и посетуваа курсеви, дека скоро 90% продолжуваат и оваа година. Тоа ни дава поттик да продолжиме со проширување не само на простор, туку и содржини. Затоа  секоја предавална денес на отворениот ден за промоција и презентација, беше тематски осмислена со интересни активности од самите професори кои ќе ги водат курсевите и групите. Курсевите можат да ги посетуваат деца од 4 години. Потоа нема возрасна граница, бидејќи за оној кој сака да учи нема граници, а образувањето е најважна работа. Затоа и сме „Unlimited Coders Академија“, велат од Академијата.Исто така ќе нагласам дека во нашите програми работиме по Монтесори метод и реквизити, со специфични дидактички материјали според период на развој на детето и неговите интереси. Почитување на индивидуалните разлики, давање избор на акитивности во специјална околина која одговара на детската природа. Околина дава слобода детето да учи и да се развива според сопствените потенцијали, можности и интереси. За да им биде интересно, пријатно и убаво на оние кои посетуваат курсеви во Академијата.За крај „Образованието е најважно, учете, учете и учете во “Unlimited Coders Академија“ единствена од ваков тип во нашиот град, која се наоѓа ул. “Тодор Скаловски“ бр. 12 до ресторан “Аурум“ во Битола.

Жанета Ристевска