Press "Enter" to skip to content

Близначиња Никола и Јован се прегрнуваат по раѓањето во болницата “Плодност“, посебен момент за родителите по 10 години неплодност (видео)

За вакви моменти, вреди секој чекор, вложен во нашите пациенти, пишуваат од болницата “Плодност“ од Битола,  на објавата видеото на нивната официјална “фејсбук“ страница, каде новородените бебенца се прегрнуваат, покажувајќи ја нивната поврзаност и надвор од утробата на мајка им.

-После 10 години неплодност, и обиди за забременување на други места, денес го имаме плодот на посветеноста и заложбата на тимот на Болница Плодност – Hospital Plodnost. На свет ни дојдоа две близначиња, чија взаемна поврзаност и емоции, ја продолжуваат и по излегувањето од утробата на нивната мајка, истакнуваат од “Плодност“.

Среќата има едно име Болница Плодност – Hospital Plodnost