Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со пораз од Тиквеш ја стартуваше новата ракометна сезона

Тиквеш – Пелистер 28:26 (14:10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со пораз од Тиквеш ја отворија новата ракометна сезона во Суперлигата на Македонија, а во салата “Јасмин“ во Кавадарци, со резултат 28:26, полувреме 14:0.

Натпреварот започна со предност на гостите од Битола, но кавадарчани се вратија, израмнија, а и почесто беа во водство. Во средината на првиот дел Тиквеш поведе со 12:8, а потоа и 14:9 за +5, а на одмор се замина со 14:10. 

Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 почна да ја намалува предноста и стигна до -1 гол. Тиквеш не дозволи израмнување, а во последните минути го задржа водството и дојде до победа на стартот на првенството. 

Најефикасни играчи кај Еурофарм Пелистер со по четири пати беа Белистојановски, Ивановски и Димитровски.

More from ВестиMore posts in Вести »