Press "Enter" to skip to content

Отворени денови во skillup academy

Откријте нов свет на можности и забава на отворените денови во skillup во Битола!

Оваа недела, од 11-ти до 15-ти Септември, сите заинтересирани деца и родители ќе имаат можност да ја истражат динамичната и забавна средина во новото иновативно катче во Битола, академијата за програмирање за деца и тинејџери, skillup.За сите заинтересирани вратите на училиштето ќе бидат отворени од 17:00 до 20:00 часот.

На oтворените денови во skillup ќе имате можност да ги посетите најсовремените и несекојдневни училници и да посведочите на енергичната атмосфера во која учењето оживува. Исто така ќе имате можност да се запознаете и со искусните ментори кои се посветени на поттикнување на потенцијалот на секое дете.Овој настан е врата кон фантастичните можности што го чекаат вашето дете во светот на програмирањето. Тоа е шанса за родителите од прва рака да бидат сведоци на магијата што се случува кога образованието е исполнето со забава и креативност.

Екипата на skillup ќе биде таму секој ден  од денес, 11-ти септември, до петок, 15-ти Септември, од 17:00 до 20:00 часот да ве води низ активностите и да одговори на сите ваши прашања.

За повеќе информации, заследете ја skillup академијата на Facebook и Instagram или посетете ја официјалната веб-страница на skillup.mk

Се гледаме во skillup!