Press "Enter" to skip to content

Започна асфалтирањето на улицата “Драгорска“

Согласно склучените договори и планираните рокови за изведба, денес започна асфалтирањето на улицата „Драгорска“ во Битола.

Реконструкцијата на оваа улица, која беше во многу лоша состојба, се реализира после долгогодишните барања на жителите кои секојдневно се соочуваа со последиците како од лошата подземна инфраструктура, така и од доста оштетениот коловоз.
Увид во работните активности изврши, секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, заедно со претставниците од општинската администрација кои беа задолжени за координација на проектните фази, во кои беше опфатена реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, во должина од 522 метри, реконструкција на водоводната мрежа и коловозот.

За комплетна реализација на овој проект, од страна на Општина Битола, беа инвестирани финансиски средства во висина од 16.140.254 денари.

More from ВестиMore posts in Вести »