Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за нарушување на ред и мир, каснувања од кучиња скитници, 117 казни за брзо возење

На 11.09.2023 на ул.„Даме Груев“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 45 годишник од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно
документирање на случајот, против него ќе следува содветна пријава.

На 11.09.2023 во СВР Битола, В.Р. (74) од Битола пријавил дека на ул. „Круме Кепески“ во
Битола бил каснат од куче скитник.

На 11.09.2023 во СВР Битола, Е.Ш. (54) од село Горно Оризари, битолско, пријавила дека кај
место викано „Сточен пазар“ во Битола била касната од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (11.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 117 возачи, меѓу кои 71 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 6 возачи за управување под дејство на алкохол, 14 санкции за непрописно паркирање, 6 санкции за престигнување. Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење.

More from ВестиMore posts in Вести »