-Поминавме низ секакви турбуленции изминатите години од борба за опстанок во супер-лигата до победи на европската сцена, освојување на титули и многу други успони и падови.
Во среда започнува борбата на европските ракометни титани меѓу кои е и нашиот миленик претставувајќи го името ПЕЛИСТЕР, нашата БИТОЛА и МАКЕДОНИЈА!
На собирот ќе можите да купите од новите шалови, стикери, пиво и карта за натпреварот со која ќе можи да се влези на посебен влез кој ќе биди само за навивачката група.
Заедно во кортео од собирот се упатуваме кон салата во која ќе приредиме уште еден БИТОЛСКИ ПЕКОЛ за противникот.