Press "Enter" to skip to content

“Чкембари“ се враќаат на трибините во Битола, најавија битолски пекол за противникот

Навивачката група “Чкемабри“ од Битола по пауза од неколку месеци, денес се враѓаат на трибините во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а преку нивната официјална “фејсбук“ страна, го најавија присуставото на првиот натпревар на Еурофарм Пелистер во Лига на Шампиони, и напишаа:

-Поминавме низ секакви турбуленции изминатите години од борба за опстанок во супер-лигата до победи на европската сцена, освојување на титули и многу други успони и падови.
 Во среда започнува борбата на европските ракометни титани меѓу кои е и нашиот миленик претставувајќи го името ПЕЛИСТЕР, нашата БИТОЛА и МАКЕДОНИЈА!

Салата без проблем ќе биди исполнета до последно место, европските медиуми веќе пишуваат за пеколната атмосфера која најмалце 7 шампиони од континентот ќе имаат чест да ја почуствуваат!

ЧКЕМБАРИ, ДАЛИ СТЕ СПРЕМНИ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ?

СРЕДА СОБИР ОФИЦЕРСКИ ВО 17 часот, СИТЕ СО ШАЛ.

На собирот ќе можите да купите од новите шалови, стикери, пиво и карта за натпреварот со која ќе можи да се влези на посебен влез кој ќе биди само за навивачката група.

Заедно во кортео од собирот се упатуваме кон салата во која ќе приредиме уште еден БИТОЛСКИ ПЕКОЛ за противникот. 

More from ВестиMore posts in Вести »