Press "Enter" to skip to content

“Македонијо во срце те носиме” на Никола Мицевски во Битола, настапија Ламбе, Бојана, Сузана, Наум, Зуица… (фотогалерија)

Синоќа на платото на Офицерскиот дом во Битола се одржa вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме”, се испеаја 12 стари македонски родољубиви песни обработени од маестро Николче Мицевски од Битола.Ова беше втор концеерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“, а на сцената публиката го виде и ја слушаше нивната одлична изведба.Во Битола синоќа настапија и ги развеселија битолчани Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Проектот со потписот на “Скендеровски продукција“ има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното.Концертот предизвика голем интерес кај битолчани кои дојдоа во голем број и уживаа во изведбата, а меѓу нив беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицевски со најтесното раководство од партијата прудружувани од претеничката Олга Лозановска иод раководството на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на чело со Пеце Милевски.Како истакнаа организарорите со сите предвидени концерти сакаат да ја обојат Македонија со најубавите звуци и да се зачува највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас.

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »