Press "Enter" to skip to content

По 18 години Лигата на шампиони се врати во Битола, публиката заедно со “Чкембарите“ направија вечер за паметење (мега фотогалерија)

Синоќа во Битола уште еднаш, каки и во изминатите стотици пати се покажа дека салата “Боро Чурлевски“ е храм на ракометот не само во Македонија, а публиката направи фантастична навивачка атмосфера на  премиерниот натпревар во Битола од Лигата на шампионите, која по 18 години се врати во Битола.Иако битолчани занеја дека нема да им биде лесно на ракометарите на Еурофарм Пелистер против норвешкиот гигант, тоа не ги спречи битолските навивачи до последно место да ја наполната салата “Боро Чурлевски“ и шеесет минути да навиваат.На овој натпревар по скоро половина година на своето место се врати навивачката група “Чкембари“, а како и секогаш беа тие кои даваат посебна атмосфера, а на крај тоа го поздравија домашните и гостинските ракометари.Иако секогаш велиме дека останатите се “обични“ тоа последно време не е така на трибините.На двете трибини “јужната“ и “северната“ кои беа исполнети до последно место на “пелистерци“ им дадоа огромна поддршка, а на крај иако поразени се поздравија со сите кои останаа после натреварот да ги поздрават.Голем број, млади навивачи, беа на службениот влез каде ја искористија приликата да се “сликаат“ со нив, а фотографиите да ги “закачат“  на социлајните мрежи.Како изненадување за сите беше малото шоу на претставувањето на актерите на мечот, кои излегуваа во “зелено-белиот“ влез во салата. Триилјадната публика френетично ги бодреше “зелено-белите“, а според она што го рекоа сите ќе бидат и на наредниот натпревар од Лигата на шампиони, за што ќе се бара место повеќе, а мора да спомене и тоа дека се што се однесува до организација на натпреварот беше на највисоко ниво, според протоколите на ЕХФ.

Фото: Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »