Денес, сабота, 16 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и можност за нестабилност. Максималната температура во Битола ќе биде до 28 степени. UV=6.
Утре, недела, 17 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура во Битола ќе биде до 27 степени. UV=6