Press "Enter" to skip to content

Прва супелигашка победа на Еурофарм Пелистер 2, +15 за убедлива победа над Скопје во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 2020 37:22 (19:10)

Спортска сала: „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски

Еурофарм Пелистер 2:  Штаковски, Младенов, Маркоски 1, Талевски 1, Ристевски 3, Митревски 5, Мирчески, Димовски 4, Трпчевски 6, Димитровски 2, Калајџиовски, Пецаковски 1, Ивановски 4, Белистојановски 6, Југовски 1, Мијушковиќ 3

Седмерци: 4/3, исклучувања: 10 минути

Скопје 2020:  Стојкоски, Фидановски 2, Мишевски 4, Чакалиќ, Тркалевски, Шокоски 3, Огнановски, Митиќ 5, Ристовски 1, Фичорски 1, Пешкирски, Грујовски 3, С. Стојановски 1, Киселовски 2, Ферукоски., К. Стојановски

Седмерци: /, исклучувања: 10 минути.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 попладнево во Битола го победи тимот на Скопје 2020 со резултат 37:22, полувреме 19:10 и ја запиша првата суперлигашка победа во “А“ групата, во второто коло од Супер лигата, по првиот пораз од Тиквеш на гостувањето во Кавадарци.“Пелистерци“ оддлично го отворија натпреварот и поведоа на брзина со 3:0, и со тоа на гостите им ставија до знаење дека бодовите ќе останат во Битола. Тимот на Скопје не успеа да се врати, па разликата од минута во минута се зголемуваше. Тимот на Михајло Петровски добро играше во одбрана, погодуваше од контра и изграни акции. До крајот на првиот дел “пелистерци “ не попоштија и на одмор заминаа со +9, (19:10).И во второто полувреме Скопје не најде решение ниту да се доближи резултатски, па ниту да го направи натпреварот поинтересен. Еурофарм Пелистер продолжи со сигирна игра, и ја одржуваше убедливата предност, која во финишот на натпреварот беше двоцифрена. На крај сенафорот беше 37:22, односно +15 позитива за домаќинот.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Белистојановски и Трпчевски кои погодија по шест пати.

More from ВестиMore posts in Вести »