Press "Enter" to skip to content

Повеќе од место за храна… “Аурум“ слави 6 години

“Аурум“ го прослави својот 6 роденден. За 6 години станавме незаобиколна станица и синоним за врвна гастрономија за домашна и интернационална кујна, не само во Битола…туку и во поширокиот регион.

Во овие години, сериозно ги поместивме стандардите на тоа што значи модерен простор кој и со ентериер и со концепт и со длабока посветеност на создавање на сезонско мени, како и со допопнителна содржина знае да покаже што нуди градот Битола, а да се споредува со светот.

Изненадувањето за гостите кои имаа среќа да резервираат место кај нас, го направи Наташа Мицевска и нејзината исклучителна прецизна вештина на создавање храна за гала настани кога “Аурум“ е ангажиран, ја доби шансата од главниот шеф Александар Видоевски да го осмисли гастрономското уживање. И беше навистина посебно.

Затоа што “Аурум“ е посебна угостителска приказна. А тоа е така, заради тимот кој работи тука. Тим, кој се бира многу внимателно, тим кој е врв во она што го знае и работи, вреден тим кој е бескрајно почитуван и вреднуван, па затоа и успесите кои ги множиме еве веќе 5 години.

Затоа, нашите први честитки за одат за тимот, за нашите вработени, без кои ниедна идеја од сонот да се создаде вакво место, немаше да биде реалност.

Благодарност бескрајна… и одиме уште посилно во времето што доаѓа.