Press "Enter" to skip to content

Еуерофарм Пелистер отпатува за Данска, данецот Нилсен вели: играат многу организиран ракомет

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола утрово отпатува за Данска, каде во рамките на второто коло од Лигата на Шампионите ќе игра против данскиот шампион Алборг. Во рамките на официјалната и задолжителна прес-конференција во Битола зборуваше токму данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. 

Кружниот напаѓач на “пелстерци“ најдобро го познава следниот противник и неговите ракометари, па зборуваше на средбата со медиумите и рече:

-Ќе биде интересно да се вратам во Данска како играч за странски клуб. Ќе биде поинакво искуство, доаѓаме како македонски шампиони и ќе мора да го предизвикаме Алборг, иако тие имаат светска класа ракометари на сите позиции. Ќе биде многу тешко, ама очекувам да пружиме отпор.  Играат традиционален скандинавски ракомет, многу организиран. Не прават многу грешки, сакаат да имаат контрола, а ние мора да не го следиме тоа и да креираме свое темпо. Само така можеме да бидеме конкурентни во сите 60 минути против нивните ѕвезди. Мора да ги притиснеме на физички план. Алборг има мешовит тим со млади и „гладни“, но и искусни ракометари. Го загубија дуелот во Суперкупот кој за нив не е најважен, па и тие работат на достигнување на оптималната форма за ЛШ и данското првенство. Покажаа каков тим се со победата против Киелце, но ние ќе се бориме.

More from ВестиMore posts in Вести »