Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Иво Ивановски – извршен директор на новата компанија “EuroTeleSites AG“на А1 Телеком (фото)

Групацијата “А1 Телеком Австрија“  го одвои бизнисот со базните станици од својата компанија, а на новата компанија “EuroTeleSites AG“ која  денес и официнално котира на Виенската берза во Австрија, нив извшен директор е Иво Ивановски од Битола поранешен министер за информатичко општество и администрација од 2008 до 2015 година.По седум години поминати во австрискиот телекомуникациски гигант А1-Телеком, а во последните шест како директор на секторот за меѓународни односи и ЕУ-регулативи во оваа компанија, Иво Ивановски ја презеде функцијата извршен директор на новосоздадената компанија “EuroTeleSites AG“ која ќе оперира со базните станици.-Во јуни, бордот на компанијата го назначи Иво Ивановски за извршен директор и Ларс Мосдорф за финансиски директор на “EuroTeleSites AG“, откако договорот беше официјализиран, објави компанијата.Иво Ивановски по завршувањето на политичката кариера, професионален пат го врати во бизнисот со телекомуникациите во Групацијата А1 Телеком Австрија, каде беше дел од раководниот тим.Иво Ивановски, кој денес специјално за “Bitolanews“ ни ги испрати фотографиите од  берзата во Виена, на својот “Linkedin“ профил напиша:-После 7 години со “А1 Телеком Австрија Групацијата“, време е да се продолжи понатаму. Беше прекрасен период, исполнет со возбуда, радост и предизвици. На 22 септември 2023 година во 9:00 часот по средноевропско време на Виенската берза, ја претставуваат спин-оф компанијата EuroTeleSites AG. Продолжувам во новата компанија со мојата нова улога како извршен директор. Ви благодарам Алехандро Платер и Томас Арнолднер за постојаната поддршка, лидерство и пријателство. Благодарност на A1 Тимот за напорната работа и посветеноста на проектот Златна ера. Беше привилегија да се работи со такви едуцирани професионалци. Ви благодарам América Móvil и ÖBAG за номинацијата. Почестен сум!

More from ВестиMore posts in Вести »