Денес, недела, 24 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува и умерен до силен југоисточен ветер. Температурата во Битола до 28 степени.
Утре, понеделник, 25 септември, во Битола времето ќе биде умерено до значително облачно со повремени врнежи од дожд уште од преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Температурата во Битола до 23 степени.