Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер лесно до победа против Голден Арт

Голден Арт – Еурофарм Пелистер 21:38 (10:17)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски

Голден Арт: Даскаловски, Спасовски, Трајковски, Ончев 4, Глигоров, Даев 2, Стаменковиќ 2, Шилегов 6, Јанковски, Гошевски 2, Миланов, Лешникоски, Божиновски, Милошески 3, Дрпљанин 2, Гајиќ

Седмерци: 1/1, исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер:  Гедбан, Кизиќ, Кузманоски 3, Тајник 2, Борзаш 6, Радивојевиќ 2, Костески 1, Васиљев 6, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 2, Ѓорговски 8, Нилсен, Пешевски 1, Сери 2.

Седмерци: 1/1, исклучувања: 2 минути

Екипата на Еурофарм Пелистер ја забележа втората првенствена победа, во Битола ја победи екипата на Голден Арт, во рамките на групата “Б“ на Суперлигата со 37:21, полувреме 17:10.

“Пелистерци“ на стартот на натпреварот поведоа со 6:2, а потоа Голден Арт додје до -2 (10:8). Тоа беше се од гостите во првиот дел и на одмор се замина со 17:10.

Второто полувреме беше во знак на Кузманоски, Костески и  Ѓорѓовски, за конечни 38:21.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Ѓорговски со осум и Васиљев со шест гола.

More from ВестиMore posts in Вести »