Press "Enter" to skip to content

Австрискиот амбасадор Мартин Памер во посета на Библиотеката

Директорот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски, оствари средба со австрискиот амбасадор, Н.Е. м-р Мартин Памер, кој гостува во Битола, по повод 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“.  Во неговата Агенда меѓу другото е посетата на Австриската библиотека единствена во нашата држава.

Директорот м-р Бојан Стефановски и д -р Валентина Илиева -раководител на Австриската библиотека заедно го запознаа амбасадорот м-р Мартин Памер за обемот и видот на библиотечниот фонд во Библиотеката и за активностите на Австриската библиотека: бројните работилници со ученици кои го изучуваат германски јазик во нашиот град, семинари за проф. по германски јазик, литературни читања и филмови.

Амбасадорот Памер на почетокот ја разгледа библиотеката и беше запознат со начинот на работа на Библиотеката и со тековните и развојните планови на Библиотеката. На состанокот Фатма Бајрам Аземовска- библиотекар советник го информира Амбасадорот за проектните активности од меѓународен и домашен вид. На состанокот се разговараше за можностите за соработка на полето на културата и библиотечната дејност, како и за доближување на културите на двата народа преку меѓусебни размени на содржини од областа на културното наследство.

Исто така се разговараше за книгите кои се донација од Австриската амбасада и нивната улога во делот на популаризација на австриската култура и јазик. Беа посочени конструктивни идеи и мислења во врска со организирање на активности поврзани со запознавање на германскиот јазик и австриската култура и уметност. На крајот се разговараше и за активности кои можат да се организираат во интерес на Битолските читатели и граѓани.

More from КултураMore posts in Култура »