Press "Enter" to skip to content

Денес отворање на изложбата и доделување на наградите на фото-изложбата “Со љубов од Битола“

Денес, во Магазата во Битола, во рамките на “офф програмата“ на 44. издание на фестивалот “Браќа Манаки“ ќе биде отворена 11. по ред фото-изложбата “Со љубов од Битола“, а потоа ќе бидат доделени наградите за најдобрите фотографии кои ги избра жирито.

На изложбата ќе бидат претставени 15 фотографи и нивните 20 фотографии од панорами на Битола во кои се прелеваат старото и новото, како што беше и наведено во јавниот конкурс кој го објави 0рганизаторот ЦЕРИ – Center for European Development and Integration.

Оваа година на конкурсот со тема “Битола – просторни интерполации“ – пресек на старата и новата архитектура, свои фотографии испратија 19 фотографи. Од пристигнатите повеќе од 90 фотографии стручното жири селектира 20 кои ќе бидата дел од овогодинешната изложба.

На 15 септември  во Малата сала на НУ Центар за култура Битола стручното жири во состав: Дражан Брачиќ , Мери Бошковска и Ивона Кочов, го реализира жирирањето на 11-тото издание на фото изложбата, а добитниците ќе бидат наградени со со скромни парични награди.

Изложбата ќе биде отворена денес, 25 септември, во 17 часот, во културниот центар “Магаза“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »