Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: “форд“ излета од патот Битола-Демир Хисар двајца повредени, приведување за марихуна, каснување од куче скитник

На 24.09.2023 во 15.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Демир Хисар, кај место викано „Шуклов мост“, патничко моторно возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 66 годишник од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а 17-годишниот сопатник се здобил со телесни повреди констатитрани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 24.09.2023 на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола  лишиле од слобода 19 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 24.09.2023 во СВР Битола, О.Л. (56) од Битола пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »