Press "Enter" to skip to content

38. години од формирањето на навивалката група “Чкембари“, ќе се слави в среда на ракомет, ќе се треси Битола

Навивачката група “Чкембари“ од Битола денес прославува 38 години од основањето, во 1985 година, на 25 септември 1985 година.

Датумот, да потсетиме, е избран дека на денешен ден, пред 38 години, 1985 година, за прв пат организирано со 15 автобуси заминаа на мајторката во Белград, за пласман во првата ракометна лига на тогашна Југославија.

-Приказната за формирањето на најстарата навивачка група во Македонија веќе сите добро ја знаат. Натпреварот со Партизан Бјеловар, далечната 1985 година, значи почеток на една навивачка ера која ќе остави длабока трага во многу сфери на општеството, напишаа “Чкембарите“ и додаваа:

-Повторно и денес нашиот Пелистер е на врвот на ракометот, овај роденден ќе го прославиме на утакмицата од Лигата на Шампиони во Битола со Кил. Собирот, а воедно и прославата започнува во Среда 16:30 часот  на плоштадот “Магнолија“, од таму после многу забава, песни, пиротехника и ладно пиво со големо кортео се упатуваме кон салата, на собирот ќе можат да се купат и карти по намалена роденденска цена, со кои ќе можи да се влези единствено со кортеото од посебен влез наменет за навивачката група. Да уживаме во втората епизода од врвен ракомет во нашиот град, гласно да згрмиме за нашата чест, за сите сеќавања, стекнати другарства, фамилии и многу многу спомени… ЗА НАШЕТО СВЕТО ИМЕ ЧКЕМБАРИ☘.

Необјавени “чкембарски“ фотографии, подарок за 34 роденден на “Чкембарите“ (мега фотогалерија)

More from ВестиMore posts in Вести »