Press "Enter" to skip to content

Завршен настан на проектот “Локален волонтерски сервис Битола“

-Успешно воспоставена волонтерска мрежа за поефикасно и подобро мобилизирање на младите и унапредување на соработката меѓу сите засегнати чинители во локалната заедница.

На настанот што се одржа во хотел „Милениум“ ‒ Битола, на исто место беа собрани 50 волонтери на Локалниот волонтерски сервис, коишто беа вклучени во имплементацијата на проектот и истите имаа можност да ги споделат своите впечатоци и да добијат сертификати за својот волонтерски ангажман.Завршниот настан на проектот „Локален волонтерски сервис Битола“, имплементиран од страна на Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интереншанал, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Општина Битола.

На настанот беше промовирана видео-сторијата изработена за време на проектот, а беа презентирани и проектните резултати.Градоначалникот на општина Битола, ги поздрави присутните, нагласувајќи ја заложбата на локалната самоуправа за поддршка на волонтерството:

-Посебно ме радува, што денес имаме можност да присуствуваме на претставувањето на резултатите од еден успешно спроведен проект кој пред се ја поттикнува солидарноста кај младите луѓе, а истовремено ги насочува кон нивно учество во подобрувањето на квалитетот на животот, учество во јавниот живот и создавање чувство на одговорност за решавање на проблемите што постојат во заедницата. Општина Битола е една од најнапредните општини во земјата, во поглед на волонтерството, благодарение пред се на иницијативноста и вклученоста на граѓанскиот сектор, но и делувањето на Советот за волонтерство, кој претставува консултативно тело, препознато во заедницата и по наградата за волонтерство која секоја година се доделува на активни поединци, неформални волонтерски иницијативи, граѓански организации и институции.Сертификатите на волонтерите им ги додели Градоначалникот на Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »