Синоќа на 25 септември во галерискиот простор културен центар Магаза во Битола свечено беше отворено 11. издание на фото изложбата “Со љубов од Битола“ на која се изложени 20 фотографии на 15 автори, учесници на конкурсот.Отворање на изложбата оваа година се реализираше во рамките на Оф програмата на фестивалот “Браќа Манаки“, а за изложбата зборуваше и ја прогласи за отврена Диоген Хаџи-Коста Милевски. -Темата на конкурсот беше „BITOLA – SPATIAL INTERPOLATIONS “ – „БИТОЛА – ПРОСТОРНИ ИНТЕРПОЛАЦИИ“ – пресек на старата и новата архитектура, а овие 20 фотографии се ретка и невообичаена перспектива на Битола како град кој изобилува со простори во кои се меша старото и новото. Оваа година во рамките на изложбата поместени се 23 фотографии. 20 фотографии се од 15 автори учесници на конкурсот а секој од членовите на стручното жири е претставен со по една фотографија, рече на отворањето Диоген Хаџи-Коста Милевски. Жири комисијата во состав во голема конкуренција од 90 фотографии на 19 фотографи првата награда и ја додели на Бенита Стојмирова, второто место му припадна на Ангела Огненова , а третото награда му беше доделена на Сашо Илковски.Конкурсот и изложбата се во организација на Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со Центар за култура Битола, а изложбата ќе биде отворена до 29 септември.
Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска