Синоќа на 25 септември во галерискиот простор културен центар Магаза во Битола свечено беше отворено 11. издание на фото изложбата “Со љубов од Битола“ на која се изложени 20 фотографии на 15 автори, учесници на конкурсот.Отворање на изложбата оваа година се реализираше во рамките на Оф програмата на фестивалот “Браќа Манаки“, а за изложбата зборуваше и ја прогласи за отврена Диоген Хаџи-Коста Милевски.
-Темата на конкурсот беше „BITOLA – SPATIAL INTERPOLATIONS “ – „БИТОЛА – ПРОСТОРНИ ИНТЕРПОЛАЦИИ“ – пресек на старата и новата архитектура, а овие 20 фотографии се ретка и невообичаена перспектива на Битола како град кој изобилува со простори во кои се меша старото и новото. Оваа година во рамките на изложбата поместени се 23 фотографии. 20 фотографии се од 15 автори учесници на конкурсот а секој од членовите на стручното жири е претставен со по една фотографија, рече на отворањето Диоген Хаџи-Коста Милевски.
Жири комисијата во состав во голема конкуренција од 90 фотографии на 19 фотографи првата награда и ја додели на Бенита Стојмирова, второто место му припадна на Ангела Огненова , а третото награда му беше доделена на Сашо Илковски.
Конкурсот и изложбата се во организација на Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со Центар за култура Битола, а изложбата ќе биде отворена до 29 септември.

Отворена изложбата “Со љубов од Битола“ и доделени наградите (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Oдбележан Денот на превенцијата, најмалите битолчани гости во СВР Битола
- СВР Битола: викендов 315 санкции за сообраќајни прекршоци
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 7 степени
- Деновиве пред 10 години: бесплатна мобилна детска градинка за селата во Битола (фото)
- Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Библиотеката од Битола со промоција на Библиографија ги заврши празнувањата за патронот (фото)
- Завршен настан на проектот “Креирај слемирај“ на Библиотеката
- Поемата “Одгласот на тишината“ ново книжевно дело на Зоран Пејковски
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Битола (фото)