Press "Enter" to skip to content

Урош Борзаш пред утрешниот натпревар со Кил: Кил е секогаш Кил, не беше лесно по двата порази од Вардар

Утре во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ќе го игра третиот натпревар од Лигата на шампиони, втор на домашен терен во спорската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, а за натпреварот против германскиот бундеслигаш на официјалната прес конференција зборуваше Урош Борзаш.

Борзаш го пофали германски Кил, пренесувајќи ги неговите искуства од минатогодишната сезона кога двапати се соочи со Кил, во дресот на Елверум. 

-Кил е секогаш Кил, но не треба да влеземе во натпреварот со преголемо почитување. Тие се светска екипа и освојуваа многу титули и треба да се бориме до крај и да се обидеме да извлечеме добар резултат, ако тоа е возможно. Пред домашната публика, која е меѓу најдобрите во светот, можеме да парираме и да се бориме до крајот. Кил игра на многу контри и полуконтри, но ќе се обидеме да ги лимитираме и да возвратиме. Веруваме дека можеме да се наметнеме. Кил има промени за разлика од ростерот минатата сезона, ќе се погрижиме да уживаме и да одиграме најдобро што можеме.

-Не беше убаво да се загубат натпреварите и против Вардар 1961 и во Лигата на шампионите. Знаеме каде грешевме и верувам дека ќе се поправиме. Добро ни дојдоа победите во Суперлигата, растеме како тим и желно го чекаме натпреварот против Кил, рече Борзаш.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »