Press "Enter" to skip to content

Д-р Христијан Трпчевски од “Плодност“ и д-р Синиша Трпчевски од “Кlinicum Wels Austrija“ се едуцираа во клиниката “Хаген-Хаспе“ во Германија (фото)

Д-р Христијан Трпчевски од  болницата “Плодност“ од Битола и д-р Синиша Трпчевски од “Кlinicum Wels Austrija“, беа на 15 дневна едукација во клиниката “Хаген-Хаспе“ во Германија, кај д-р Jacek Kociszewski.-Herr Dr. med. dr hab. Jacek Kociszewski (неговата полна титула) е многу искусен и познат надвор од границите на Германија, како гинеколог-уролог, кој несебично го пренесува неговото знаење на сите, кои ја посетиле оваа клиника.

Неговиот тим има усвоено неколку алгоритми и препораки за прецизна дијагностика и поставување мрежа кај пациентките со уринарна стрес инконтиненција. За тоа имаат патентирано неколку инструменти и мрежички за решавање на оваа проблематика, рече д-р Христијан Трпчевски, по враќањето од клиниката во Германија и додаде:

-Она што ни остави впечаток е дека цел тим, а посебно д-р Kociszewski, несебично сакаше да го пренесе своето знаење на нас и активно не вклучи во предоперативната дијагностика на урогинеколошките заболувања, а особено во оперативната сала како асистенти. Многу сме среќни што ги сподели несебично неговите искуства во третманот на уринарната стресна инконтиненција и пролапс на генитални органи кај жената, како и реконструктивна хирургија на карлично дно. Иако млади, искуството со кое располагаме и техниките со кои работиме, му оставија голем впечаток на овој светски реномиран доктор, кој ни кажа дека вратите за понатамошна едукација на оваа клиника ни се отворени, односно ја отвори и можноста за активна соработка со болница “Плодност“.Д-р Христијан Трпчевски од  болницата “Плодност“ од Битола и д-р Синиша Трпчевски од “Кlinicum Wels Austrija“ изразуваа благодарност до д-р Kociszewski и неговиот тим во клиниката “Хаген“, еден од најпознатите гинеколошко-уролошки центри во светот.