Press "Enter" to skip to content

Кил тешко ги однесе бодовите од Битола, Еурофарм Пелистер со нова енергија (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Кил 20:23 (9:11)

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер од Битола во рамки од 3. коло од Лигата на шампионите вечерва од Кил со 23:20, го запиша третиот пораз, но успеа да биде рамноправен противник и на 10 минути до крајот имаше реми и беше во битка за бодови, за разлика од претходните два натпревари.“Пелистерци“ натпреварот го отворија со гол на Танкоски , “зебрите“ со два гола поведоа со 2:1. Еуеофарм Пелистер во воведните пет минути беше 3:3, а потоа беше 3:5. “Пелистерци“ понесени од пеколната атмосфера во салата,  имаа добра игра и дојдоа до 5:6, а гостите не можеа да воспостават резултатска контрола. Во финишот од првото полувреме Германците ги казнија грешките на домаќинот на пауза заминаа со +2 (9:11).И почетокот на второто полувреме донесе возбудивања, по 8 минути игра беше истата разлика 12:14. По играта гол за гол  израмнување 17:17, и нова ерупција во битолскиот вулкан. Сепак, кога беше најпотребно и кога се кршеше резулатот, “пелистерци“ имаа техничка грешка, статива наместо гол, одбрана на гостинскиот голман, а тоа тимот на Кил не го простува и натпреварот го заврши со 20:23.Најефикасен во тимот на Еурофаерм Пелистер Радивојевиќ со 5  и Цехте со 4 гола.Следен ривал на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите е ПСЖ.

 

More from ВестиMore posts in Вести »