Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претрес за дрога во Дихово, 86 санкции во сообраќајот

На 27.09.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, врз основа на наредба за претрес од Основен суд – Битола, извршиле претрес во дом во село Дихово, битолско, сопственост на 29 годишник од истото село. При претресот се пронајдени и одземени марихуана, прашкаста материја, дробилка и предмети со остатоци од прашкаста материја, за кои е утврдено дека припаѓаат на неговиот брат на возраст од 23 години. По документирање на случајот против него ќе следува кривична пријава.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (27.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 86 возачи, меѓу кои 49 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 11 мерки за возење без возачка дозвола, 4 возачи за управување под дејство на алкохол, 8 санкции за непрописно паркирање .Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…

More from ВестиMore posts in Вести »