Press "Enter" to skip to content

“Биодерма“ и аптеки “Роса Вита“ го одбележаа Светски ден на атопичен дерматит со одржување школа за атопија (фотогалерија)

Светски ден на атопичен дерматит 14септември, а по тој повод секоја година, во тек на месецот септември, заедницата за атопичен дерматит ја подига свеста за ова состојба.Оваа година “Биодерма“ е посветена, заедно со здраствените работници да го подобри животот на пациентите со атопичен дерматит преку организирање школи за атопија, која се одржа во библиотеката “Св. Климент Охридски“ во Битола.Под мотото “Вашата атопија е и наша грижа“ се одржа едукативно предавања од караванот бесплатни предавања за атопичен дерматит под покровителство на тимот од брендот “Биодерма“ и аптеки “Роса Вита“.Настанот беше од едукативен карактер да се  подигне свеста за болеста, да се зборува за товарот што го има врз пациентите и старателите и да ја препознае потребата за грижа и третман што ја одразува мултидимензионалната природа на болеста.Едукацијата и проверените информации се првиот чекор до правилен третман. Едукацијата помага за подобро разбирање на болеста, докажано е дека го зголемува успехот на терапијата и води до подобрување на квалитетот на животот на пациентите со атопичен дерматитис.Атопичниот дерматитис бара мултидисциплинарен пристап, и на школото за атопија беа дадени  совети да научиме како правилно да се грижите за атопичната и сува кожа.На оваа тема зборуваа д-р Анета Тасевска спец. дерматовенеролог , д-р Маргарита Камбовска спец. педијатар, Александра Николовска нутриционист и Емилија Продановска медицински преставник на “Биодерма“.Атопичниот дерматит е хронична инфламаторна болест на кожата која предизвикува еритематозни лезии и чешање. Афектира 10 до 30% од бебињата и децата ширум светот, и 10% од возрасната популација.Иако атопичниот дерматит е болест на кожата, тој може длабоко да влијае на квалитетот на животот, на пациентите и нивните најмили како и да има значајно влијание врз нивното ментално здравје.Универзитетската Библиотека “ Св.Климент Охридски“беше  место каде што родителите на децата со атопичен дерматит, како и возрасните со сува кожа и егзем можеа да научат како да се препознае атопичниот дерматит, кога треба да се обратите на доктор, како се лекува атопичен дерматит и како на најефективен начин да се олесни секојдневниот живот и да се подобри неговиот квалитет.Преку школите за атопија, пациентите имаат бенефит од терапевтска едукација, која според СЗО ги надминува основните совети и им помага на пациентите  да имаат главна улога во нивното здравје.